ФОТО: Еден вардарец ќе недостасува на прославата во Скопје

Македонската нација се подготвува за нов дочек на шампионската екипа на Вардар.

„Црвено-црните“ ќе слетаат на аеродромот во Скопје нешто пред 21:00 часот и потоа ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“.

Таму ќе недостасува само еден од членовите на новиот европски првак. Се работи за кружниот напаѓач Рожерио Мораеш кој заедно со својата сопруга „фати“ авионски лет за родниот Бразил.

Тоа го потврди со објава на својот Инстаграм профил.