Еден отпадна, но сега друг екс-вардарец е пред потпис со Флензбург!

Екипата на Флензбург наскоро се очекува да го претстави најновото засилување за новата сезона. Се работи за Домен Сикошек Пелко кој во минатото го носеше дресот на Вардар.

Кружниот напаѓач ќе пристигне од редовите на шпанска Ла Риоха. Тој веќе има закажано медицински прегледи и само часови го делат од трансфер на позајмица во Бундеслигата.

22-годишниот Словенец е висо 203 сантиметри и важи за перспективен играч на линијата од шест метри. Германскиот гигант сака да го има на располагање што поскоро со цел максимално да го подготви за првиот дел од сезона.

Пелко си замина од Македонија пред четири месеци кога беше дел од излезната експедиција заедно со Горбок, Кристопанс, Гедбан, Скубе, Шишкарев, Толедо...