Еден одличен Томовски недоволен за победа на Лудвигсхафен над Мелсунген

Ракометарите на Лудвигсхафен продолжуваат со лошите игри и резултати во домашниот шампионат, откако ниту во петтиот натпревар во низа не успеаја да впишат лигашки бодови.

Иако играа на свој терен и тоа против противник од долниот дел на табелата, не најдоа начин како да им се вратат на победите и го запишаа 16 овосезонски пораз во Бундеслигата. Тимот на Мелсунген ја имаше контролата и го диктираше темпото во текот на сите 60 минути и на крај заслужено славеше со минимални 27-30.

Нашиот репрезентативец Мартин Томовски, кој ги минува последните месеци во Бундеслигата, одново имаше фантастична партија за Лудвигсхафен. Бранеше од самиот почеток и зад своето име запиша девет интервенции.

Инаку, младиот чувар на мрежата од следната сезона ќе застане меѓу стативите на македонскиот шампион Вардар.