Еден од топ-талентите од Македонија мета на некогашен европски првак

Еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, Димитар Узунчев, е многу блиску до трансфер во Целје. 20-годишниот десен бек, висок 185 сантиметри, оваа сезона настапуваше за Бутел Скопје и со своите одлични партии привлече сериозно внимание.

Узунчев важи за еден од најперспективните млади играчи во македонскиот ракомет. Претходно тој беше дел од екипите на Алкалоид и Мулти Есенс, како и дел од младинските селекции на Македонија.

Можното заминување во Целје кој е некогашен европски првак би претставувало голем чекор во кариерата на младиот македонски репрезентативец, со оглед на традицијата и реномето што словенечкиот клуб го има во европскиот ракомет.