• Мартин Танасковски
Српската ракометна репрезентација доби нов удар пред бараж двомечот со Унгарија за пласман на Светското првенство 2027 во Германија.
По Лазар Кукиќ, селекторот Раул Гонзалез нема да може да смета ниту на десното крило на Вардар, Вукашин Воркапиќ. Играчот заработил скршеница на прстот и истегнување на рамото, поради што ќе ги пропушти натпреварите против Унгарија, но и финишот од сезоната во Македонија.
Како негова замена е повикан Матеја Додиќ од Загреб, кој и претходно беше дел од националниот тим, кога како дополнителен повик настапи во реваншот против Литванија во претквалификациите.



