Еден од најголемите таленти во мак-ракометот во Целје до 2028 година!

Македонскиот репрезентативец Димитар Узунчев ја продолжува кариерата во еден од најтрофејните европски ракометни клубови, словенечки Целје.

Дваесетгодишниот десен бек, кој важи за еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, потпиша договор со Целје до 2028 година, со можност за продолжување на соработката.

Во словенечкиот клуб, Узунчев ќе ја пополни празнината што настана по повредата на Мај Маргуч. Узунчев во новиот клуб ќе го носи дресот со број 10.