• Мартин Танасковски
Францускиот репрезентативец и еден од најдобрите пивоти во светот, Лудовик Фабрегас, официјално ќе се врати во редовите на Барселона од следната сезона.
По успешната епизода во Веспрем, каде што покажа зошто важи за еден од најдоминантните играчи на својата позиција, Фабрегас реши да ја продолжи кариерата во клубот каде веќе имаше блескава историја.
Фабрегас претходно играше за Барса од 2018 до 2023 година, освојувајќи бројни трофеи, вклучително и титули во Лигата на шампионите, шпанскиот шампионат и Купот на кралот.
Неговиот камбек е големо засилување за каталонскиот гигант, кој повторно гради тим за врвни дострели на европската сцена.