• Горан Упале

Еден од голманите кои што ја одбележаа ракометната деценија, Андреас Паличка, од следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
По титулите собрани во Германија и Франција, искусниот голман на шведската репрезентација, ќе тргне по лов на трофеи и во Норвешка, каде ќе го облече дресот на тимот на Колштад.
„Колштад уште претходно покажа интерес за мене, имаше добар план да ме доведе во клубот, заедно со семејството, које ми е многу важно. Веќе многу години живееме во странство, а луѓето од Колштад сфатија дека семејната ситуација ми е важна и ми претстави план за кој сметавме дека е многу мотивирачки и интересен. Така, решивме дека Колштад е вистинскиот следен чекор за нас“, рече Паличка на промоцијата.
Швеѓанецот со норвешкиот шампион потпиша договор на две сезони и ќе го замени Торнбјорн Бергеруд, кој се сели во Висла Плоцк.