Еден од најдобрите десни бекови во светот уште долго во ПСЖ

Египетскиот репрезентативец Јахја Омар ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен, ставајќи потпис на нов договор со францускиот гигант.

Омар и парискиот гигант ја продолжија соработката до јуни 2030 година, а од клубот истакнуваат дека задржувањето на Омар е дел од стратегијата за одржување на силен и конкурентен состав во наредните сезони.

Омар, кој важи за еден од најдобрите десни бекови во светот, има огромна улога во играта на ПСЖ со својата експлозивност, шут од дистанца и способност да решава натпревари во клучни моменти.  

Со овој потег, ПСЖ јасно покажува дека има амбиции да остане на врвот во францускиот ракомет, но и атак на трофејот во Лигата на шампионите.