Еден од најдобрите десни бекови во светот дојде во Веспрем

Хрватскиот ракометар Иван Мартиновиќ, еден од најбараните десни бекови во европскиот ракомет, кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот гигант Веспрем. Тој потпиша четиригодишен договор со клубот, кој ќе важи до крајот на сезоната 2028/2029.

Мартиновиќ ја започна професионалната кариера во Виена, каде што се закити со титули во австриското првенство и купот. Во 2018 година се пресели во германската Бундеслига, каде во изминатите седум години настапуваше за ВФЛ Гумерсбах, Хановер, Мелзунген и последно за Рајн Некар Левен.

Во последната сезона забележа одличен учинок со 140 голови на 23 натпревари. Со доаѓањето во Веспрем, Мартиновиќ ќе има шанса да се бори за највисоките европски трофеи и да продолжи со напредокот во кариерата во една од најсилните екипи во Лигата на шампионите.