• Мартин Танасковски
Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската сезона во која „лисиците“ стигнаа до првата титула во Бундеслигата.
Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година. Милосављев ќе потпише тригодишен договор. Оваа сезона ќе ја мине во Берлин, а потоа без обештетување ќе се пресели во Полска.
Србинот беше дел од златната генерација на Вардар која во 2019 година ја освои својата втора титула во Лигата на шампионите на Ф4 турнирот во Келн. Токму по тој успех го облече дресот на Фуксе Берлин.




