• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар 1961 остана без еден од голманите, затоа што од екипата си замина Марко Богдановски.
25-годишниот чувар на мрежата се раздели со новиот првак на Македонија и ќе бара нов предизвик. Конкуренцијата во најтрофејниот македонски клуб беше голема, а од новата сезона, на голманската позиција клубот ќе го има и Србинот Милан Бомаштар.
Богдановски во Вардар дојде од редовите на Аеродром, а настапуваше и за екипите на Голден Арт, Јуниор Кисела Вода и Металург.
