• Горан Упале
Екипата на Бенфика забележа нов пораз во втората групна фаза од Европската лига, но и покрај тоа обезбеди пласман во осминафиналето. Португалскиот тим вечерва загуби од Иштад од Шведска со четири гола разлика (37-33) и со тоа на едно коло до крајот ја потврди третата позиција на табелата, последна која што води во елиминациона фаза.
На првиот натпревар меѓу овие две екипи Бенфика славеше со 36-31, па поради подобриот меѓусебен скор не постојат шанси шведскиот тим да се искачи на третата позиција, без разлика на исходот на натпреварите во последното коло.
Македонскиот бек Филип Талески има минимален удел во головите на Бенфика и противничката мрежа ја затресе само еднаш, во финишот од првиот дел.
Германски Гумерсбах покажа моќ против амбициозната Татабања и пред својата публика славеше убедлива победа од 33-27. Во рамки од групата 4 екипите на Тулуз и Флензбург одиграа супер-возбудлив натпревар на кој францускиот тим со три врзани гола во финишот се избори за реми и голем бод (35-35).