Ѕвездата на Флензбург ги повреди лигаментите, го чека подолга пауза

Симон Питлик беше прва ѕвезда на данската репрезентација на Светското првенство кое се одигра во Полска и Шведска, по што си обезбеди учество во Бундеслигата и трансфер во Флензбург, но очигледно ќе му треба повеќе време за адаптација на физички снажниот ракомет што се игра во Германија. 

Младиот ракометар пристигна во Фленсбург од ГОГ Гудме, со кој освојуваше неколку трофеи и се очекуваше да биде меѓу носителите на тимот, но ги повреди лигаментите на скочниот зглоб и не се знае колку долго ќе отсуствува од терените. 

Флензбург го соблада Ерланген со 27-22, но повредата за Питлик останува како голем пех на домашниот состав, кој нема да може да смета на Данецот во следниот период. 

„Исклучена е можноста за операција, повредата не е премногу сериозна, но не можеме уште да кажеме колкава пауза го очекува Питлик. Претпоставуваме дека првиот дел од сезоната за него е завршен, но нема да шпекулираме додека не знаеме повеќе информации. 

Повредата сигурно ќе бара неколкунеделно лечење, а кои чекори ќе ги преземеме потоа, останува да видиме. Жалиме за оваа ситуаација, но мора да ја прифатиме и да одиме напред“, изјави генералниот директор на тимот, Холгер Гландорф. 

22-годишниот Симон Питлик летово премина во редовите на Флензбург. Кариерата ја започна во ГОГ Гудме, а со данската репрезентација веќе стана светски шампион на последното првенство кое се одигра во Полска и Шведска.