Ѓукиќ самоуверен: Со помош на публиката ќе го совладаме Вардар!

Gol.mk на SEHA Final 4

Србинот Дарко Ѓукиќ, кој во минатото го носеше дресот на Металург пред денешниот натпревар со Вардар е самоуверен и смета дека конечно е дојдено време ракометарите на Мешков Брест да ја освојат СЕХА титулата.

>>> ПОВРЗАНО - Вардар неприкосновен на вечната листа, Мешков Брест најголем СЕХА-губитни

Српското крило смета дека неговиот тим одиграл многу лош натпревар против Флензбург, но и дека со помош на публиката актуелниот шампион во СЕХА лигата може да биде совладан во Брест.

„Одигравме лош натпревар против Флензбург, но тоа треба да го заборавиме и да се насочиме кон мечот против Вардар. Мислам дека и ќе успееме да се пласираме во финалето. Играме пред нашата публика, која е наш осми играч и мислам дека оваа година конечно ќе го освоиме СЕХА трофејот, кој овој град долго го чека“, изјави Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра со почеток од 19:00 часот, а нашиот претставник ќе се обиде да ги совлада Белорусите и да обезбеди пласман во финалето, каде ќе атакува на својата петта титула во регионалното натпреварување.