Џонов: Охрид доведе квалитетни засилувања, но не можеше против нашиот тимски дух и борбеноста! 

Екипата на Пролет со победа ја стартуваше новата сезона на Суперлигата, откако пред својата публика славеше во дерби мечот против засилениот Охрид. 

Цврстата одбрана беше заштитен знак на избраниците на Матлиевски, а одличната тимска игра во нападот го принуди противникот да го положи оружјето, а токму двата сегменти Иван Џонов ги потенцираше како клучни за победата над „гладијаторите“.

„Охрид се засили со квалитетни ракометари летово, но ние го имаме она што е наш заштитен знак - борбеност и тимска игра. Токму таквиот пристап ни ја донесе победата. Бевме на највисоко ниво во одбраната, се боревме за секоја топка и на крајот заслужено се радувавме на триумфот. Можеби имавме и малку среќа што со Охрид се сретнавме на самиот почеток на сезоната, додека овој тим не е доволно воигран, па ние токму со таа тимска хемија што ја имаме изградено со години дојдовме до посакуваниот резултат“, вели Иван Џонов.

22-годишен ракометар во ланската сезона настапуваше како лево крило, но по заминувањето на Манасков во Охрид, сега е прва опција на позицијата лев бек.

„Да бидам искрен, чувствував притисок на самиот почеток од мечот, бидејќи одговорноста е поголема. Како што минуваше времето, така и добивав на сигурност, но верувам дека од натпревар во натпревар ќе играм се подобро и подобро и ќе одговорам на очекувањата на стручниот штаб“, додаде Џонов.

Првото коло на Суперлигата ќе се затвори денес со дуел меѓу Пелистер и Бутел, додека за четири дена Пролет ќе гостува кај Металург 2 во рамки од второто коло. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0