• Мартин Танасковски
Тимот на Алкалоид покажа обединетост и забележа нова европска победа. Овој пат „сините“ славеа над Рунар Сандефјорд во првото полуфинале во Европскиот Куп на ЕХФ (42-37) и во Норвешка ќе играат за финален дуел.
По натпреварот во Скопје, во име на тимот говореше Иван Џонов кој заврши со седум гола како втор стрелец.
„Сакам да му честитам на противникот Рунар. Се работи за добар тим, играат брз ракомет, беше тешко да се држи ритам со нив, но успеавме да славиме. Знаат да играат добро и седум на шест, ќе мора да се подготвиме добро за реваншот.“, изјави Џонов.
Реваншот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.