„Џинот“ Кристопанс со 13 гола ги наполни Вујо и Словенија, историско ЕП за Летонија

Репрезентацијата на Летонија на домашен терен го возврати ударот, па го совлада лидерот во квалификациската група Словенија (25-24) кој важеше за фаворит на хартија и обезбеди историски прв настап на Европските првенства.

Селекцијата предводена од Веселин Вујовиќ одигра меч со многу осцилации, а немаше лек и за вардаровиот ракометар, „џинот“ Даинис Кристопанс. Двометрашот даде 50% од головите на својот национален тим и покажа дека игра во врвна форма.

Зад своето име Кристопанс запиша 13 гола и беше прв стрелец кај Летонија, а го следеше Версаковс со четири погодока. Кај Словенија, Доленец даде осум гола, додека Благотиншек погоди трипати.

Словенија е лидер во групата и по пет кола има седум бода, додека Летонија е втора, исто така со седум бода, но полош скор во меѓусебните дуели. Последното коло ќе решава кој ќе оди како лидер на Европското првенство, каде и двете селекции се сигурни.