• Горан Упале
„Фалангата“ полека ги зазема своите места во арената во Хернинг, а за натпреварот со Португалија доби засилување од Скандинавија.
Фредерик допатува од Шведска во Данска и заедно со своите пријатели од Прилеп ќе ги бодри ракометарите на Лазаров на клучниот натпревар со полуфиналистот од последното Светско првенство.
Фредерик, или на македонски Џими истакна дека денеска ќе ја бодри нашата репрезентација, а додаде и дека ја сака Македонија поради храната, ќебапите и девојките...
Тој најави дека летово повторно ќе ја посети Македонија.





