Џерона: Србија покажа дека може да игра против секој ривал

Селекторот на српската репрезентација, Тони Џерона, беше презадоволен од сработеното во Кретеј и ремито против големата Франција. Без многу ѕвезди и со подмладен состав, Србија одигра два натпревари кои ја враќаат вербата во ракометот во нашето соседство.

„Покажавме дека со добра одбрана можеме да постигнеме позитивен резултат против секој ривал. Имавме добри моменти во нападот, но одбраната беше клучот на сè, Цупара на голот, важен одбранет седмерец на Милосављев. Нема да издвојам ниту еден играч, важен е тимот и тимскиот дух. Кој и да е на терен, без разлика дали е 50 минути или поради една топка, треба да даде максимум. Во таква ситуација, мојата работа е полесна. Покажавме одлични игри против тим кој патува на Светското првенство во Египет, и сигурен сум дека ќе направиме нешто одлично во иднинасо овој национален тим“, изјави Џерона.

Србија е водечка во групата со Грција, Белгија и Франција и со овие три бода го трасира патот кон завршниот турнир на Европското првенство.