Џерона ја препороди Србија, голем бод за „орлите“ во Кретеј

До ракометна драма во Кретеј, во рамките од второто коло од евро-квалификациите за Словачка и Унгарија следниот јануари 2022 година, српската ракометна репрезентација приреди големо изненадување, ремизирајќи против големниот фаворит Франција. Натпреварот заврши без победник, 26-26, а Србите водеа во целиот тек на натпреварот.

Сотавот на Тони Џерона од првата минута заигра мотивирано и како да сакаше да покаже дека триумфот во Зрењанин пред четири дена не беше случаен. Петар Ѓорѓиќ ја презеде лидерската улога, а блескаше и поранешниот вардарец, Мијајло Марсениќ. На одмор се замина со +2 за „орлите“ и многу проблеми во таборот на „триколорите“.

Бројот на неизнудени грешки се намали, но Франција немаше ниту еден расположен ракометар и на почетокот од вториот дел. Лудовик Фабрегас започна да погодува во серија и дури во 55. минута Франција го стигна српското водство. Со 24-24 се влезе во последните пет минути и сите опции беа во игра. Кога најмногу требаше Марсениќ постигна два гола за да ја одржи српската предност. Ремили израмни на влезот во последната минута и Србија имаше напад за победа, но брзоплето ја загуби топката и на „триколорите“ им останаа неколку секунди. Ударот на Мае со звукот на сирената го одбрани Цупара и Србија со бод се враќа од Кретеј (26-26).

Најефикасни во француската селекција беа Фабрегас со пет и Нгесан и Дескат со по четири гола, а кај Србија се истакнаа Марсениќ со осум и Ѓорѓиќ со шест гола.