• Иван Димовски

Ракометниот клуб Охрид направи голем и убав џентлменски потег по повод 8 март, денот на жената.
Во пресрет на натпреварот меѓу Охрид и Вардар во ракометната Суперлига, секоја дама во салата „Билјанини извори“ доби по еден цвет. Овој убав гест го одбележа празникот на дамите на еден убав спортски начин.
Ракометарите беа „доставувачите“ на цвеќињата за дамите на трибините, а убавиот гест беше поздравен со многу насмевки и аплауз.