• Саше Љолес
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за Европското првенство, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија.
Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против „змајчеки“.
„Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден“, рече Џатевска.
Македонија и Словенија се среќаваат во рамки на третата квалификациска група за континенталниот собир. Натпреварот ќе се одигра на 12 април, со почеток во 18:00 часот.


