Џабе 11 гола на Ливриниќ, Данубиус загуби од Баја Маре на Штериова

Стартуваше романскиот ракометен шампионат во женска конкуренција, во кој ќе имаме четири македонски интернационалки. Во првото коло веќе имаше и македонски двобој, меѓу Баја Маре на Марија Штериова и Данубиус Галаци на Елена Ливриниќ.

Баја Маре славеше на домашен терен со 25-21, а овој дуел го одбележаа одличните партии на двете наши репрезентативки. Ливриниќ даде 11 голови за гостинките, но и тие беа премалку за позитивен резултат. Во победничкиот тим, Штериова постигна пет погодоци и беше втор стрелец.

Слатина на Ангела Тодоровска загуби дома од Магура Чиснадие со 19-22, додека за новиот тим дебитираше и капитенот на репрезентацијата, Елена Ѓорѓиевска. Таа постигна три голови во победата на Мунисипал Крајова над Дунареа Браила со 30-22.