• Горан Упале
Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа ги заврши своите настапи во групната фаза во Европската лига, откако на свој терен го совлада фаворизираниот Мелсунген.
Вардарци одиграа супер-квалитетен натпревар, а можеби најголема заслуга за овој успех има голманот Еспиња. Португалецот собра 15 интервенции, од двојната во самиот финиш се најде меѓу најатрактивните на последното коло во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, поточно на првата позиција.
„Црно-црните“ групата во Европската лига ја завршија со две победи, едно реми и три порази.