ВИДЕО: Двојната одбрана на Еспиња меѓу најатрактивните во групата во Европската лига

Ракометарите на Вардар 1961 не успеаја да остварат посакуваната цел во групната фаза од Европската лига и да се квалификуваат во следната рунда, но дефинитивно оставија одличен впечаток. Особено на домашните натпревари со Валур и Мелсунген.

„Црвено-црните“ против бундеслигашот славеа со 32-30, а на тој натпревар свој блесок имаше голманот Мигел Еспиња. Токму една негова двојна интервенција се најде во потесниот избор на најдобри интервенции во групната фаза во Европската лига.

Доведувањето на португалскиот голман се покажа како вистински потег на раководството, а пред извесен период двете страни потпишаа нова соработка. Вардарци групата ја завршија на третата позиција, со две победи, едно реми и три порази.