ВИДЕО: Двојната одбрана на Чаневски најдобра во нокаут-рундата на ЕЛ

Македонски Еурофарм Пелистер доживеа елиминација од Лигата на Европа, а како мала утеха доаѓа признанието за голманот Градимир Чаневски, кој ја има најубавата интервенција на осминафиналињата.

Чуварот на мрежата изведе двојна одбрана против Магдебург и таа се најде на врвот на изборот на ЕХФ. Чаневски се покажа во солидно светло, меѓутоа бундеслигашот беше преголем залак за битолчани во првиот нокаут-филтер.

  • Најдобрите одбрани во Лигата на Европа:

Еурофарм Пелистер успеа да ја мине групната фаза во Европската лига на ЕХФ, но се сопна на првата пречка во елиминациската рунда.