Двојна скандинавска победа против Французинките, Есбјерг пресилен за Мец

Убедливиот пораз на Мец е веста на викендот и редовното коло на женската Лига на шампиони. Подобри од Французинките беа ракометарите на Есбјерг кои извојуваа победа од 35-28. Блескав натпревар одигра Кристине Брестјал, автор на дури девет погодоци. Рамо до рамо со неа беше Реистад, автор на осум погодоци. На Мец не му помогнаа ниту седумте гола на Кристина Јоргенсен.

ЦСМ Букурешт на доминантен начин го декласира Бањик Мост со 40-25, а Ѓер беше доминантен на теренот на Сторхамар и славеше со 21-35. Првакот на Словенија, Крим Меркатор убедливо загуби во Германија од тимот на Битигхејм со 30-23.

Во синоќешните дуели без победник заврши натпреварот меѓу Будуќност и Рапид Букурешт (30-30). Пораз претрпе и вториот француски претставник, Брест Бретањ, кој беше надигран од Одензе (21-25).