• Горан Упале

Викендов, Будимпешта одново ќе биде во фокусот на европската ракометна јавност. Унгарската престолнина повторно ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи во женската ракометна Лига на шампионите.
Во битката за најпрестижниот трофеј ќе се борат четири екипи, од три различни држави, како и две поранешни ракометарки на македонскиот шампион и европски вицешампион ЖРК Вардар. Првото полуфинале го сочинуваат екипите на Ѓер и Виперс Кристиансанд, натпревар кој е закажан попладнево од 15:15 часот. Фаворитската улога им е поделена на унгарскиот тим, но Норвежанките знаат како се победува Ѓер, особено на вакви натпревар. Токму овие две екипи го сочинуваа ланското финале, а минимална победа извојува Кристиансанд.
По унгарскиот и норвешкиот тим на паркетот во Будимпешта ќе истрчаат ракометарките на Есбјерг и Ференцварош, екипа каде што настапуваат двете поранешни вардарки Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.
Натпреварите ќе се играат во „МВМ Дом“ во Будимпешта, арена која што се очекува да биде исполнета до последно место на сите четири натпревари.