• Мартин Танасковски
Шпанскиот стратег Рубен Гарабаја замина од Еурофарм Пелистер, а само еден ден по неговата разделба со македонскиот шампион, тренерот има две понуди од татковината.
Се работи за два клуба од Шпанија. Првиот е од АСОБАЛ-лигата, тоа е Адемар Леон кој четири кола нема победа. Вториот е од вториот ранг на шпанскиот ракомет, екипата на Синфин Сантандер која во моментов се наоѓа на единаесетттото место во лигата.
Гарабаја мина неколку месеци во Битола, каде на клупата го наследи Раул Алонсо. Од Македонија си замина по спогодбен раскин на договорот, со еден освоен трофеј во Суперкупот на Македонија.

