Изненадувања на СП: Србија и Аргентина извлекоа реми против Русија и Унгарија!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Србија приреди изненадување и во рамки на првото коло од Светското првенство (СП) одигра нерешено со селекцијата која важеше за фаворит на хартија, Русија (30-30).

Натпреварот беше претежно изедначен, а во финишот имаше вистинска драма. На една минута пред крајот резултатот беше 30-30, а Русија направи пробивање. Во нападот за предност, Србија не реализира благодарение на фантастична одбрана на голманот Грамс, по што „зборнаја“ го имаше последниот збор. Во последниот напад, Кисељев шутираше високо над голот, па мечот заврши без победник.

Најдобар кај Русите беше Тимур Дибиров со 12 гола од 13 обида, а го следеше Житников со четири гола. Кај Србите, Вања Илиќ даде шест погодока.

Изненадување направи и Аргентина, која исто така одигра реми со фаворизираната Унгарија (25-25). Унгарците водеа најмногу со четири гола, во првото полувреме, но Аргентина се врати, па во вториот дел се играше изедначен ракомет. 

Кај Унгарија, Балог беше стрелец на 11 гола, а Лекаи запиша шест, додека кај Аргентина, Симоне реализира шест гола, а Кривели натпреварот го заврши со пет.

Австрија, пак, дојде до очекувана победа над Саудиска Арабија, со 29-22.

 

СП, Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 5 4 1 0 138:113 25 9
2 ГерманијаГерманија 5 3 2 0 142:110 32 8
3 БразилБразил 1 5 3 0 2 127:129 -2 6
4 РусијаРусија 1 5 1 2 2 131:127 4 4
5 СрбијаСрбија 5 1 1 3 127:146 -19 3
6 КорејаКореја 5 0 0 5 124:164 -40 0