Две ѕвезди на Мотор како Атман, се преселија во Спартак Москва

Мотор Запорожје доби голем удар пред гостувањето во Скопје кај Вардар, затоа што остана без двајца главни првотимци кои решија да менуваат средина среде сезона.

Тимот од Запорожје пред извесен период остана без Станислав Жуков и Денер Јанима кои го засилија рускиот тим Спартак Москва, а сега остана и без Игор Сорока и Виктор Киреев.

Сорока настапува на левата крилна позиција, додека Киреев беше главен голман во украинскиот првак.

Двајцата не допатуваа во Скопје, затоа што си договараа трансфери. Тие ќе бидат соиграчи со Павел Атман, кој се реши на сличен чекор да го напушти Вардар пред дуелот со Мотор во Лигата на шампионите.