• Иван Димовски

Ракометната Суперлигата на Македонија овој викенд ќе го добие новиот шампион за сезоната 2023/24. Во пол-позиција за одбрана на трофејот е екипата на Еурофарм Пелистер, која има два бода предност во однос на Вардар.
Пелистерци ќе имаат потешка задача и повеќе да загубат на домашниот дуел против Алкалоид, каде што им одговара и бод односно реми поради подобриот меѓусебен скор од ривалот. Од друга страна Вардар му гостува на Бутел во Скопје и мора да победи, но и да се надева на услуга од Алкалоид.
Решавачките два натпревари за титулата во мак-ракометот ќе се одиграат в сабота во терминот од 18:00 часот.
Ланската титула ја брани Еурофарм Пелистер, а останува да видиме дали ќе успее да ја одбрани од налетот на скопјани.