Двајца ракометари на Еурофарм добија повик од БиХ за ЕХФ неделата

Билал Шуман, селекторот на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина, ги откри адутите со кои ќе настапи на двата натпревари против Црна Гора. 

Во рамки од ЕХФ неделата ракометните селекции ќе имаат нова шанса за подготовки пред настапите на ЕП, а во составот на БиХ се најдоа двајца ракометари кои настапуваат во Македонија. 

Ракометарите на Еурофарм Работник, Марин Вегар и Елмир Граџан ќе ги бранат боите на својата селекција против Црногорците, кои пак во своите редови ќе ги имаат неговиот соиграч Мирко Радовиќ, како и членовите на Охрид и Бутел Скопје, Брауновиќ и Мајиќ. 

Првиот натпревар меѓу Бих и Црна Гора се игра на 25 октомври, додека вториот меч е закажан за ден подоцна.