Двајца екс-вардарци прогласени за најдобри на годината во Србија 

Ракометот во Србија има свои херои и оваа година. Српската ракометна федерација ги објави имињата на најдобрите поединци за 2025 година. 

За најдобар играч во странство е прогласен Дејан Милосављев, голманот на Фиксе Берлин, кој на крајот од сезоната ќе ја продолжи кариерата во Киелце. Меѓу ракометарките надвор од Србија, наградата ѝ припадна на Јована Јововиќ од Дебрецен.

Во домашното натпреварување, најдобри оценки добија уште еден поранешен вардарец - Стефан Додиќ од Војводина и Гордана Петковиќ од Црвена Звезда. 

Специјални награди им беа доделени и на млади таленти: Ѓорѓе Драшко беше прогласен за најдобар млад играч, додека Тамара Душиќ стана најдобра млада ракометарка.