Два суперлигаши заинтересирани за поранешниот пелистерец Кобетиќ! 

По завршувањето на ланската сезона, екипата на Пелистер остана без речиси целиот ростер, а меѓу заминатите ракометари беше и средниот бек на екипата Марко Кобетиќ. 

Одличниот хрватски среден бек беше водечка алка во „зелено-белиот“ дрес, но откако не доби понуда за нова соработка со битолскиот клуб, моментално е без ангажман и размислува каде да ја продолжи кариерата. Според информациите до кои дојдовме два суперлигаши сериозно се заинтересирани за услугите на 29-годишниот организатор на играта.

Првиот клуб е Металург, кој ова лето остана без неколку стандардни првотимци и гради нов тим предводен од стратег Дамир Стојановиќ, додека за Кобетиќ загриза и Охрид, тим кој пред две лета го доведе Хрватот во Македонија. 

Кобетиќ својата кариера ја започна во Сисција, па од Пореч се пресели во Македонија, односно во редовите на Охрид, каде настапуваше една сезона.