Два позитивни случаи во Вардар, откажан летот за Париз!

Ракометарите на Вардар направија редовни тестови за коронавирус во пресрет на гостувањето кај ПСЖ.

Резултатите донесоа најмалку два позитивни случаи, што беше причината за откажувањето на денешниот чартер лет за Париз. За ситуацијата се информирани и од ЕХФ од каде прифатија одложување и ќе се бара нов термин.

За вардарци ова требаше да биде второ гостување во групната фаза. На првото загубија во Белорусија, кај Мешков Брест. Претходно беа одложени натпреварите на Вардар против Елверум и ПИК Сегед.

Оваа недела веќе се откажаа два натпревари во Лигата на шампионите. Елверум и Мешков Брест нема да се надигруваат, а нема да се одржи и дуелот меѓу Нант и ППД Загреб.