Два меча во два дена за вардарци, Бутел и Пелистер се спаринг партнери пред Ф4

По неуспешниот викенд и загубената титула од Купот на Македонија во Куманово, ракометарите на Вардар им се враќаат на обврските во домашната Суперлига и во следните два дена ќе одиграат два натпревари од плеј-офот. Најнапред во вторник попладне ќе го пречекаат Бутел во СЦ „Јане Сандански“, а ден подоцна ќе гостуваат во Битола против Пелистер.

Без разлика на исходот на овие два натпревари, непоразениот Вардар ќе мора да почека за математичка потврда на титулата. Имено, екипата на Парондо ќе се сретне со битолските суперлигаши Еурофарм Работник и Пелистер во Битола и во последното коло гостува во Автокоманда против Металург. Некои од овие натпревари може да се играат и по завршувањето на „фајнал-фор“ турнирот на Лигата на шампионите во Келн на 1 и 2 јуни.

Сепак, извесно е дека за освојување на титулата на вардарци им треба победа против Еурофарм Работник пред своите гледачи, па во тој случај последните два натпревари ќе бидат резултатски безначајни. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0