• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Филип Талески имаше удел во новиот европски триумф на Бенфика во рамки на Европската лига на ЕХФ.
Португалскиот тим на домашен терен играше со Татран Прешов и во ефикасен дуел го совлада со резултат 36-23 (22-12). Талески на овој натпревар доби минутажа и постигна два гола од вкупно четири шута.
Најдобар стрелец кај Бенфика беше Изкердо Лабајен со шест гола, пред Мореира и Валенсија со по четири гола, додека кај Татран Прешов се истакна Силва да Фернандеш Монтеиро со осум реализации, пред Хернандез Кабаљеро со шест гола.
Победата беше четврта за Бенфика на четвртиот одигран меч во групната фаза на Европслата лига и тимот е во следната рунда.




