Два гола на Талески, Балинген загуби од Ерланген, пораз и за Миркуловски од РНЛ

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и неговиот Балинген доживеаја уште еден пораз во Бундеслигата и како домаќини загубија од Ерланген (30-32).

Во еден дуел кој беше неизвесен до финишот, до посакуваниот плен дојдоа гостите од Ерланген. Филип Талески настапи на овој натпревар и успеа да постигне два гола од вкупно три обида, сите од игра.

Најдобар кај Ерланген беше Јохансен Селин со седум гола од седум обида, додека кај Балинген, Лукас Саурерсиг даде исто така седум гола од седум обида.

Филип Миркуловски и неговиот Вецлар доживеаја пораз од Рајн Некар Левен (29-26), а средниот бек даде еден гол од два обида.