Два гола на Саздовска, Турингер загуби од Ференцварош

Македонската репрезентативка Јована Саздовска и нејзиниот Турингер ќе почекаат на првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите затоа што во петтиот меч од групата загубија од Ференцварош (32-35).

Во еден натпревар со многу голови, како победник излезе унгарската екипа, која подобро се снајде во финишот и од 31-32, успеа да се одлепи на 31-34 и да ја завери победата во последните десет минути од средбата.

Саздовска двапати се запиша во листата на стрелците, а прво име кај Турингер беше Хубер со девет гола. Кај Ференцварош, фантастичен меч имаше шпанската репрезентативка Пена со дури 14 погодока.

Турингер има само еден бод во групата 2 и се наоѓа на последното место. Следниот меч е против норвешки Кристиансанд.