Два гола на Миркуловски, Вецлар победнички се враќа од Нордхорн

Вецлар и Филип Миркуловски им се вратија на победите во Бундеслигата, откако пред неколку дена загубија во дуелот од Хановер, Во рамките на 26. коло на најсилното национално првенство во Европа, „зелените' славеа на гостувањето во Нордхорн со 29-30.

Македонскиот ас постигна два гол и впиша три асистенции во одличното тимско издание на Вецлар. Најефикасен во победничкиот тим беше Вебер со единаесет гола, а кај домаќините Линдског постигна осум погодоци.

Лидерот Кил се намачи за бодови во Есен (27-31). а полуфиналистот на Европската лига, Магдебург неочекувано загуби кај Ерланген со 30-28.

Лидер останува Флензбург со мининална предноста пред Кил на пет натпревари на двете екипи до крајот на првенството.