Два гола на Лазаров, нов француски триумф на Нант

Лазаров

Екипата на Нант дојде до нов француски триумф, дома славеше над Кретеј (30-25) и остана меѓу најдобрите екипи во Лидл Старлигата.

Нант цело време беше во предност на натпреварот, со исклучок на воведните петнаесетина минути кога противникот даваше отпор и имаше мала позитива. На полувреме домаќинот имаше 13-11, а работите си дојдоа на место во вториот дел.

Лазаров учествуваше во победата со два гола од четири обида, а најдобар стрелец беше Рок Овничек со четири гола. Кај Кретеј, Јоан Жибелин имаше шест постигнати гола.