Два гола на Лазаров, Нант тргна со победа во Франција

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешен старт во новата сезона во Франција.

Нант на домашен терен успеа да го совлада Данкерк (29-24), а блескава партија имаше голманот Нилсен со дури 15 одбрани. Кирил Лазаров на овој меч доби минутажа и запиша два гола од вкупно шест обида. Кај Нант на мечот најдобар беше Ривера со девет гола, додека кај Данкерк, Буто постигна пет погодока.

Во останатите натпревари од првото коло на францускиот шампионат, ПСЖ го победи Истр со 25-35, а Монпелје беше убедлив против Кретеј со 36-25.