• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски и неговата екипа ЦСМ Букурешт се спасија од пораз во Португалија кај Мадеира и во финалето на Челинџ Купот трофејот ќе го ловат на домашен терен (22-22).
Првиот натпревар заврши без победник, иако португалскиот тим водеше со 19-14 во 45. минута од натпреварот. Георгиевски имаше солиден натпревар, па дуелот го заврши со два постигнати погодока.
Најдобар во редовите на Букурешт беше Естеки со шест гола, а Селикани и Вржалиќ дадоа по три гола, додека кај Мадера, Ногуера реализира седум пати.
Вториот натпревар од финалето кој ќе го даде шампионот во Челинџ купот се игра во Романија на 18 мај.