Дувњак во солзи: Скршен сум, примивме два глупави гола

Домагој Дувњак не успеа со Хрватска да го крене европското злато, затоа што во финалето на Европското првенство „каубоите“ загубија од Шпанија (22-20). По мечот за титула во Стокхолм, најискусниот играч и лидер на Хрватска едвај говореше пред камерите, со солзи во очите.

„Јас сум скршен. Би сакал да ѝ честитам на екипата и на стручниот штаб. Губевме, па се вративме, поведовме, па примивме два глупави гола. Тажен сум, премногу, ама сребрениот медал е тука. Ни фалеше малку концентрација на крај. Го разбранивме нивниот голман. Не знам што да кажам навистина“, изјави Дувњак.

>>> Хрватска и Словенија ги чека пеколна битка за ЛОИ во Токио

>>> Червар по чекорите на Карачиќ: Ни ја украде топката, да му е*ам мајката безобразна

Хрватска се уште ќе го сонува европското злато, а доживеа пораз во своето трето финале, трето со Лино Червар на клупата по оние во 2008 и 2010 година.