Дувњак: Вардар е силен противник и европски првак, нема да ни биде лесно

Хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак беше избран за најкорисен играч на изминатото Европското првенство. На крај, тој и неговите соиграчи не успеаја да го освојат златниот медал, откако загубија во големото финале против Шпанија.

Неговите клупски обврски го чекаа веднаш по завршувањето на турнирот. Неколку дена по финалниот меч 31-годишникот замина на пријателски натпревар, а потоа беше дел од дуелот со Хановер во Бундеслигата.

Сега пред него и Кил следува дуел со Вардар, кој ќе ја отвори пролетната сезона во Лигата на шампионите со ова гостување во Германија.

„Остатокот од групната фаза ќе биде исклучително тежок. Прв на ред е Вардар кој е силен противник и секако бранител на титулата од минатата сезона. Ние играме добро, но се е отворено во оваа група. Прескокнувањето на осминафиналната фаза со првото место во групата би било идеално за полнење на батериите“, вели Хрватот.

„Зебрите“ на Филип Јиха беа убедливи на првата средба во Скопје. Полесно од очекуваното ги однесоа бодовите, па сега на вардарци им останува да се реваншираат за тешкиот пораз.

Натпреварот се игра на 5 февруари со почеток од 19:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4