Дувњак трагичар на Кил, Флензбург по пенали го освои Суперкупот

Екипата на Флензбург по пенали забележа голема победа над големиот ривал Кил во Суперкупот (28-28, 3-2 по пенали) и на фантастичен начин ја најави новата сезона во Буиндеслигата

Дуелот меѓу двете екипи беше атомски и тотално изедначен. Ниту една од екипите не се одлепи повеќе од два разлика во клучните моменти, а резултатот константно беше клацкалица и водството се менуваше од една страна на друга.

На полувремето Флензбург имаше еден гол предност (14-13), а во вториот дел двата тима константно се надигруваа. Дуелот беше изедначен и до последната минута, кога резултатот гласеше 29-29, а потоа, Дувњак го имаше нападот за победа на „зебрите“, но шутираше високо над голот.

Флензбург по промашувањето повика тајм-аут, на семафорот имаше уште две секунди, но тимот не успеа ништо да направи, по што следеа пенали во мечот за трофеј, за првпат по 1997 година.

Во серијата, Буриќ фати пенал на Кил уште на стартот, но и Јепсон промаши за Флензбург. Потоа пеналџиите беа сигурни, беше 3-3 по четири изведени серии, а откако Флензбург погоди, Дувњак не успеа да го надмудри Буриќ, за голем триумф на ривалот.

За Флензбург ова е трет Суперкуп во историјата.