Дувњак: Такво нешто не се свири во последна минута!

Капитенот на Хрватска, Домагој Дувњак, по поразот од Германија на Светското првенство (СП) емотивно зборуваше пред медиумите и истакна дека е крајно разочаран затоа што и покрај херосјката борба, „каубојите“ не успеале да слават над домаќинот.

Хрватска имаше активен резултат, се до последната минута, кога судиската двојка од Данска реши да му досуди пробивање на Игор Карачиќ при сомнителни околности.

„Би сакал да им честитам на соиграчите на борбата која ја водевме 60 минути. Примивме два-три несреќни гола, невозможно беше како Виде даваше голови. Уште сум под импресии, не би сакал да коментирам околу судењето, но таа ситуација во последната минута... тоа не се свири во ваков натпревар. Мора да смогнеме сила и заедно да играме против Франција, за да дојдеме до потврда на Олимписките игри“, изјави Дувњак.

Во нокаут-фазата од групата патуваат Германија и Франција. Од втората група, речиси сигурна е Данска, а за другото полуфинално место ќе се води борба во последното коло.

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0