Дувњак се пожали на повреда и не отпатува за Франција 

Хрватската ракометна репрезентација денес ќе го одигра вториот подготвителен натпревар пред Олимписките игри, во Шартр од 18:00 часот ќе ги одмери силите со Франција, домаќинот на Игрите.

Капитенот Домагој Дувњак поради полесна повреда не отпатува со тимот за Франција, туку остана во Опатија каде ќе продолжи со тренинзите. За хрватските ракометари ова воедно ќе биде последен тест пред Олимписките игри кои почнуваат за десетина дена. 

Според последните информации, мечот во Шартр сигурно ќе го прескокне и Дика Мем од Франција кој има проблеми со повреда на раката, па тренерот Гијом Жил нема да ризикува со него до првиот натпревар на олимпискиот турнир.